Во прв ред

Македонската публика подготвена го очекува големиот концерт на “Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” (Видео)

Како што неодамна пишувавме, светски познатите “Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” на 11-ти декември доаѓаат во Скопје со голем концерт на кој што присутната публика и сите оние верни македонски фанови ќе имаат ретка привилегија и можност да уживаат во гласот, стасот и убавината на младата сицилијанка Маргарита Абита која што е всушност и вокал на оваа интернационална музичка група.

“Море сокол пие”, “Македонско девојче”… ќе бидат само дел од оние композиции кои публиката ќе може да ги слушне.

Македонската филхармонија е местото каде ќе се одржи овој голем и долгоочекуван концерт на кој што “Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” во комплетен состав ќе излезан на сцената и неколку часа во свој стил ќе ја забавуваат македонската публика. Тие досега имаат издадено 6 студиски албуми, одржано концерти во повеќе од 40 земји, и имаат повеќе од 160 илјади следбеници на социјалните мрежи како и 90 милиони прегледи на You Tube.

Во Македонија, односно во Скопје, доаѓаат во рамки на концертната турнеја која што моментално ја имаат по повод 10 години од нивното постоење.

Музичкиот портал Музика24 ексклузивно како единствен македонски музички портал во Македонија направи интервју со “Barcelona Gipsy Balkan Orchestra” кое што наскоро ќе имате можност да го прочитете на Вашиот омилен и единствен музички информатор.

Можеби ќе ве интересира: