Во прв ред

Од денес во продажба билетите за јубиленото издание на “Златна бубамара на популарноста” (Фото)

Од денес напладне ќе започне продажбата на билети за јубилејното 20-то издание на “Златна бубамара на популарноста”, кое ќе се одржи на 20-ти февруари во арената “Метрополис”.

“Еден дел од билетите Радио Бубамара обезбеди и за гледачите кои сакаат да бидат насмеани и да уживаат во живо во арената “Метрополис”. Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба, и тоа во петок, 10-ти февруари, во 12 часот, преку МК Тикетс, а ќе може да се купат најмногу до 4 билети. Порано, кога билетите се продаваа пред Универзална сала, имаше редови и истите се продаваа за 1 час, а последните години, преку он-лајн продажба, тоа се случуваше за само 15 минути”, соопштија од Радио Бубамара.

Мотото на хумористично-сатиричното шоу годинава е: “Што ќе биде, нека биде!”, а во Штабот на “Златна бубамара на популарноста” одлучно стојат на ставот “Пари не ви враќаме!”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: