Во прв ред

Суперстар диџејот Alan Walker доаѓа на “Skopje Calling 2018”

Како што не информираат нашите соработници од Авалон продукција, во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, Авалон оваа година одлучи фестивалот “Skopje Calling” да трае два викенда. Огромно е задоволството да се најави дека хедланјер на првиот викенд на “Skopje Calling 2018” ќе биде Alan Walker – апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2-ри јуни, на АРМ стадионот.

Иако има само 20 години, Walker е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови “Faded”, “Alone” и “Sing me to sleep” ги соборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји. За оваа година, Walker најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот “Skopje Calling 2018”.

Влезниците по цена од 1000 ден – Партер и 1500 денари Фан Пит се веќе во продажба. А за се останато, детали во врска со настанот, ексклузивни објави и информации, очекувајте наскоро на музичкиот портал Музика24 во соработка со Авалон продукција во рамки на проектот “25 години Авалон продукција”.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: