Култната поп-група „АББА“ на 5-ти ноември ќе издаде нов албум, а веќе извесен период континуирано се промовираат дел од песните кои ќе се најдат на повратничкиот албум. По песните „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“, сега ја објавија и песната „Just A Notion”. Песната датира од 1978 година, но никогаш не била објавена.
„Just A Notion“ е смешно среќна песна и се надевам дека ќе ве расположи во овие мрачни времиња. „Википедија“ вели дека оваа песна е снимена во септември 1978 година, што е точно. Ја става меѓу албумите „ABBA“ и „Voules-Vous“ и таа ќе беше вклучена во вториот албум ако не се решивме против тоа. Зошто се одлучивме против тоа? Гледајќи наназад, немам поим. Тоа е добра песна со одличен вокал. Знам дека ја пуштивме на издавач во Франција и на неколку други луѓе на кои им верувавме и, ако се сеќавам, им се допадна. Така што тоа е мистерија и ќе остане мистерија”, изјави Бјорн Улвеус од славната четворка.
