Англиската популарна пејачка Џеси Џеј целосно си ја избричи главата за хуманитарни цели. Овој гест го има направено за хуманитарната кампања “Red Nose Das”, во која се вклучени голем број на познати личности од САД, пред се комедијанти.
Собраните парични средства со помош на кампањата “Red Nose Das” за “Comic Relief” ќе им помогнат на повеќе хуманитарни организаци, пред си за тие кои се борат против трговијата со луѓе и семејно насилство, како и на оние кои им помагаат на лицата заболени од ХИВ и СИДА, најмногу потенцирајќи се на тие што најмногу се загрозени т.е. жителите на Африка.

