Поранешната прва дама на Франција напишала нова песна во која, како што пишува Билд, го критизира францускиот претседател Франсоа Оланд. Го нарекува “малиот пингвин” кој замислува дека е крал, а всушност “нема никакви манири”.
Француските медиуми веднаш во “пингвинот” го препознале Оланд, на кој Бруни му се одмаздува за неговото ладно однесување кон нејзиниот сопруг Никола Саркози кога му ја предавал власта, а тој одбил да го испрати дотогашниот претседател до автомобилот кога ја напуштал Елисејската палата.
Карла Бруни пак, во изјава за неделникот “Ноувелле Обсерватеур” навела дека песната е за невоспитани личности: “Некои мислат дека зборувам за новинарите, но тоа не е точно”.
Подготви: Дениза Илиеска
