“Arctic Monkeys” го објавија видеото за шестиот сингл “Snap out of it”, од нивниот последен албум “AM”. Видеото, кое е режирано од продукцијата Focus Creeps, започнува со гламурозна девојка која излегува од базен, пред да почне да се опседнува со видео снимка од Алекс Тарнер и бендот. Видеото е колаж од снимки од девојка и бендот во студио. Focus Creeps го продуцираа и четвртиот сингл од “АМ”, како и поголемиот дел од видеата за четвртиот албум на бендот “Suck It and See”.
Подготви: Елена Ивановска
