Американскиот рапер Тупак Шакур е еден од најпродаваните музички имиња во светот. Тој почина на 25-годишна возраст, кога беше застрелан четири пати во септември 1996-та година во Невада. Тупак важи за еден од најконтроверзните истовремено и најталентирани хип хоп артисти кои некогаш живееле. Еве неколку нешта за неговиот живот кои можеби не сте ги знаеле.
- Иако неговата посветеност на Западниот брег можеби индицира поинаку, Тупак всушност бил роден во Источен Харлем, Њујорк. Се преселил на Западниот брег (Mарин Каунти) во 1988-ма, кога имал 17 години.
- Неговото вистинско име било Лесејн Периш Крукс. Неговата мајка го преименувала во Тупак Амару Шакур кога имал малку повеќе од една година.
- Името по кое е познат, доаѓа од Јужноамериканскиот револуционер Тупак Амару. Тој ја водел револуцијата против шпанското владетелство. “Шакур” значи “благодарен на Бога”.
- Мајката на Тупак, Афени Шакур, била активен член на партијата Black Panther – револуционерна социјалистичка организација во 60-тите и 70-тите во САД. Поминала извесно време во затвор кога била 5 месеци трудна со нејзиниот син Тупак.
- Учел во Училиштето за уметности во Балтимор, каде земал часови по балет и настапувал на неколку балетски и драмски претстави.
- Почнал да рапува во Балтимор, под името MC New York.
- Актерката и сопруга на Вил Смит, Џеда Пикет Смит, била најдобра пријателка со него во средно училиште. Поемата „Tears in the Cupid’s Eyes” од неговата книга со поезија е посветена токму на неа.
- Во средношколските денови Тупак Шакур бил член на Младата комунистичка лига од САД.
- Во 1990, ја започнал кариерата во шоу бизнисот како танчер во позадина.
- Неговата поранешна жена Киша Морис тврди дека бил на аудиција за улогата на Буба во Forrest Gump, но не ја добил улогата.
- Кога го снимале “Poetic Justice”, од Тупак било побарано да направи ХИВ тест пред да сними љубовна сцена со Џенет Џексон.
- Некое време излегувал со Мадона.
- Бил голем фан на Шекспир и велел дека приказната за Ромео и Јулија е “сериозна гето приказна”.
- Како тинејџер ги слушал Синед О’Конор, Кејт Буш и U2.
- Пред да почне целото Источен-Западен брег несогласување, Тупак и Нуториус Биг биле пријатели.
- Додека бил во затвор ги читал и му влијаеле делата на Николо Макијавели. На што се должи промената на уметничкото име од 2Pac во Макавели.
- Откако неговото тело беше кремирано, членовите на Аутлоз (групата основана од негова страна) измешале дел од пепелта со марихуана и ја испушиле.
- Песната “Dear Mama” била третата рап песна што влегла во националниот регистар за аудио снимки во САД.
- Го сменил името на неговата издавачка компанија од Ghetto Gospel во Joshua’s Dream, по 10-годишниот Џошуа Торез, голем фан на Тупак кој починал од мускулна дистрофија. Имено, за да го расположи мајката на детето побарала од една радио станица контакт од Тупак, за да може барем телефонски нејзиниот син да разговара со својот идол. Тупак на ова вратил со директна посета на Џошуа во Вашингон. Два часа по посетата, Џошуа починал.
- Тупак пукал во двајца полицајци кои не биле на должност. Но обвиненијата биле повлечени, бидејќи се покажало дека полицајците биле пијани, поседувале украдено оружје и ги лажеле своите колеги за тоа што се случило вечерта.
Подготви: Влад Петров
