World Music

Џастин Бибер има нова девојка

Кога не ги полни страниците од таблоидите со своите некултурни испади, младиот Џастин Бибер привлекува внимание со својот љубовен живот, па така, сега светските медиуми известуваат дека тој конечно ја преболил Селена Гомез и веќе има нова девојка, ни помалку, ни повеќе, модел за бикини. Новата девојка на проблематичниот тинејџерски идол Џастин Бибер е моделот за костими за капење, Ешли Мур. Тие неколку пати биле видени заедно, а пред само неколку дена биле и фотографирани на романтичен ручек во Беверли Хилс.

По разделбата со славната пејачка Селена Гомез, Бибер бил поврзуван со неколку бринети, меѓутоа единствено со дваесетгодишната Мур бил и фотографиран. Ешли, која може да се пофали со беспрекорен изглед, се обидела да го сокрие својот идентитет со големи очила за сонце, покривајќи се со кожна јакна, меѓутоа тоа не било доволно за папараците да не ја забележат. Парот бил виден како со сребрениот Ферари автомобил на Бибер пристигнал на романтичен ручек во еден од монденските ресторани на Беверли Хилс. Тие двајца се запознале пред околу еден месец, преку заеднички пријател, раперот Лил Твист, со кој воедно и Ешли најпрво била во романтична врска.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: