World Music

Изненадувачки: Лејди Гага се вклучи во турнејата на “Queen” (Видео)

Контроверзната и секогаш оргинална Лејди Гага ја изненади публиката во Австралија, кога се појави на концертот на групата “Queen”. Таа веднаш по излегувањето на сцената започнала да го пее хитот на “Queen” познатата “Another one bites the dust”. Таа тој ден немала свој концерт, па се приклучила на концертот на легендарната и култна група.

Како и секогаш впрочем, така и овој пат Гага освен музички изненадила и со својот изглед. Таа на себе носела голема црна перика облечена во црна женска кожна рок гардероба. На сцената оваа песна таа ја извела заедно со пејачот Адам Ламберт.

Веднаш по концертот Лејди Гага се објави веста на својот Twitter профил, а гитаристот на групата Брајан Меј и се заблагодари за подршката и учеството на концертот.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: