Познатата пејачка Рита Ора неодамна се појави на ревијата на “Stella McCartney” во Лондон, како што изгледаше повеќе од одлично. Таа на себе носеше комбилизон со отворено деколте држејќи во рацете плико чанта со потписот на дизајнерката “Stella McCartney”, а нејзината модна комбинација беше заокружена со чизми до глужд од “Christian Louboutin” кои како што пишуваат светските медиуми чинат околу 1.245 илјади долари.
Шминката, розовата сенка и нагласените црни очи, преубавата нијанса на кармин и одлично со стил разбушавената коса одлично се вклопија во целокупниот стајлинг на оваа светски позната пејачка која секогаш се труди да го сврти вниманието кон себе, каде и да се наоѓа.


