Covers

24 Covers: Коста Костоски – “Aria” (Тоше Проески)

Младиот поп изведувач Коста Костоски кој пред неколку месеци ја започна својата кариера со ковер изведби во придружба на гитара во етер на својот You Tube канал постави композиција од нашата позната поп икона Тоше Проески. Она што може да се забележи кај овој мошне амбициозен артист е извонредната изведба на странските поп хитови, но и воедно на македонските поп евергрини.

Инаку тој е студент на музичката академија во Скопје отсек соло пеење, а досега неговите успеси и во класичната музика може да се забележат што доволен показател е неговата професорка која ни даде убав пример за добар и квалитетен изведувач. Во продолжение уживајте во ковер изведбата на Коста Костоски за композицијата “Ариа”, каде тоа не е крај тој започна со подготовки на уште една интересна песна за која не ни откри за која поточно станува збор.

https://www.youtube.com/watch?v=W8aotjhyC-k

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: