Covers

“Тајфата” ви подарува нов ковер (Аудио)

Популарниот музички состав “Тајфата” како наговестување на она што тие го припремаат се започнување на обработки од познати македонски евергрин песни со чалгиски призвук. Па така како почеток на нивниот проект тие ја обработија познатата композиција “Пушти коси” од Зијан што е нешто ново и несекојдневно, но со оглед на тоа што песната е веќе неколку пати обнародена дури и има ремикс, сепак за публиката е права прилика да се чуе од друг агол.

“Можеби е веќе препеана од страна на изведувачите, но наша цел беше да дадеме свој придонес во зачувување на македонската песна со свој автентичен призвук, но затоа не сме исти од аспект на обработките на самите композиции”, изјави Коки фронтменот на бендот.

А во продолжение уживајте во композицијата од страна на веќе докажаните момци од Тајфата.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: