World Music

Црногорски стилист открива: Кардашијан за венчавката употреби маскара вредна 10 долари

Иако светските медиуми пишуваа дека венчавката помеѓу Ким Кардашијан и Канје Вест чинела неколку милиони долари, очигледно дека не е се така гламурозно и на високо ниво. Професионалниот црногорски стилист Марио Дедивановиќ ексклузивно на медиумите им изјавил дека за шминкањето на познатата старлета користел исклучиво обични и ефтини препарати.

“Ким не се распрашуваше многу за шминкањето. Се правев на своја рака и лично одлучував кои препарати ќе ги користам. За нејзините очи користев најобична маскара од француско производство, бидејќи се усогласуваше со нејзиниот тен”, раскажал нејзиниот стилист. Во меѓувреме, британските медиуми малку повеќе се позанимавале околу чинењето на маскарата и пресметале дека токму таа која ја користела Ким чини само 10 долари.

Kim Kardashian_Kanye WestНа крајот на краиштата, и покрај луксузната венчаница од пола милион долари и сите оние скапи детали, сепак, со 10 долари е една најпозната старлета може да излгледа совршено пред јавноста и сите останати.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: