Наум Мицевски е млад надежен поп пејач од Битола. Нашата екипа на една од новогодишните забави го забележа и накратко поразговара со него. Што вели тој за себе и за своите планови во Новата 2013-та, подолу во краткото интервју што следи, а кој го подготви нашата дописничка од Битола.
Музика24: За оние кои не се запознаени со тебе, опиши се во неколку реченици?
Наум: Епа вака, со оглед на тоа што не сакам да се фалам, можам да кажам дека сум од Битола, со музиката се занимавам одамна. Имам издадено еден албум и не планирам тука да застанам…
Музика24: Како ќе ја отцениш 2012-та за тебе? Беше ли успешна?
Наум: Оваа година ќе ја отценам како солидна… тука спаѓа хитот “До крај ти бори се”, исто така спотот за песната “Зборови” која се наоѓа на мојот прв албум. Оваа година не се насочив кон правење публицитет, туку се сосредочив кон создавање една работна средина каде мислите ги насочив кон планирање на идниот период каде навистина ќе покажам кој сум и што умеам.
Музика24: Дали за читателите на Музика24 ќе ги откриеш твоите идни планови?
Наум: Не би сакал да откривам многу, знаете велат скокни па речи оп… спремам неколку проекти, веќе работам на нивното остварување, имам авторски дела кои сакам да ги ставам на носач на звук, некои преработки… не би кажал ништо повеќе, луѓето пополека пополека ќе слушнат за мене.
Музика24: Твојот деби албум беше исполнет со поп балади и благи рок мотиви, дали тоа ќе го негуваш и понатаму или ќе продолжиш да ексепиментираш во стилот?
Наум: Во следниот период јасно знам каде се гледам. А набрзо ќе види и публиката каде е моето место и каде припаѓам, не сакам слава после смртта, бунтовник сум и ќе ви докажам.
Интервјуто за Музика24 од Битола го подготви: Весна Трифуновска
