Културо

Во среда во МОБ, премеира на “Балетска вечер на Бурнонвил”

Во среда на 5-ти април во 20 часот во Македонската опера и балет ќе се одржи премиерата на “Балетска вечер на Бурнонвил”. По тој повод во бистрото на Македонската опера и балет се одржа конференција за медиуми на која стана збор за овој несекојдневен настан кој претставува всушност ретроспектива за творештвото на еден од најпознатите светски кореографи, Аугуст Бурнонвил.

Премиерата на “Балетска вечер на Бурнонвил” е трилогија составена од инспирациите на авторот од три земји: Франција, Италија и Шпанија. Насловите на трите делови на делото се: Конзерваториум, Фестивал на цвеќето и Прозорецот. Авторската екипа која ја пренесува кореографијата на Аугуст Бурнонвил (Данска), а е работена на музика од Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед, поставена е и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен од Данска. Сценограф: Зоран Николовски, Костимограф: Марија Пупучевска, Асистент на продуцентите: Саша Евтимова, Концерт мајстор: Климент Тодороски, кој исто така ќе настапи и како солист на виолина. Репризата на “Балетска вечер на Бурнонвил” е закажана за петок 07-ми април. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: