Имам нешто да те прашам

Новогодишно интервју за Музика24: Снеже Велков

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствуваш кога доаѓа овој период од годината? Дали се радуваш како мало дете на целата предновогодишна и празнична атмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови во кои малку повеќе се одмараме и поминуваме време со најблиските?

Снеже Велков: Секое доближување на 31-ви декември за нас е еуфорија и убава енергија можеби не толку заради Нова година колку за роденденот на вториот мој син Дарин кој е роден на 29-ти декември па за тоа го има и името Дарин затоа што е дар – подарок за мама и тато најубав… Па така секогаш сме преокупирани околу организација на родендонот исполнување роденденски желби кои се различни од новогодишните па така мора да имаме поклон за роденден и поклон од Дедо Мраз. Елката ја китиме еден месец пред 31-ви декември и се е полно со светки и светилки дома. Околу јадење и пиење нема нешто разика од обичните денови.

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Снеже Велков: Признавам. Верувам.

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме го посакале. Дали можеби како дете, а  и ден-денес, оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Снеже Велков: Да. Мајка ми и татко ми беа совршено добри дедомразовци и секогаш го оставаа подарокот под елка и никогаш не успеав да ги фатам. Така што се уште мислам дека стварно Дедо Мраз ми ги носеше.А како мала моите желби бе најмногу за играчки… Кукли, коцки и сл…

Музика24: На кој начин се подготвуваш за дочекот на Новата година, воедно и за сите оние денови кои ни доаѓаат, а се дел од целата празнична атмосфера?

Снеже Велков: Подароци секако, готвење секако дружење и патување.

Музика24: Според тебе, што е најубаво за дочек на Новата година: добро друштво, забава, музика… или пак онака домакински во опуштена атмосфера со малку повеќе храна, смеа и некој добар филм?

Снеже Велков: Домаќински, со семејството и пријателите.

Музика24: На кој начин ги изненадуваш твоите сакани за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој вообичаено сакаш да го подариш, и што е она го што очекуваш и најмногу би те изнанадило како подарок?

Снеже Велков: Вредноста на подарокот не е важна, важно е вниманието па макар тоа било едно чоколадо. Важно е дека некој те ставил на листата на личности кои заслужуваат внимание и подарок. Јас сум старомодна и се радувам на новогодишни честитки оние хартиените пратени по пошта напашиани со рака. Ете може да ме израдувате.

Музика24: Што всушност за тебе претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Снеже Велков: Тоа е убав период, кога реченицата: “Ај после Нова година”, за сите има некое магично значење и очекување. Од типот дека се ќе биде поинаку. За жал не е така ама убава е надежта и верувањето со кое живееме тие 20 дена на убава енергија, насмевки, кога се е по страна и проблеми и дилеми и на прво место е дружбата и смеата…

Музика24: Каде и на кој начин ќе ја испратиш старата и ќе ја дочекаш новата 2020-та година?

Снеже Велков: Дома. Со друштво и семејството.

Музика24: Кој според тебе е настанот од областа на музиката кој ја одбележа 2019-та година, која што пополека, но сигурно си заминува?

Снеже Велков: Дефинитивно, Тамара и Евровизија.

Музика24: А кој е пак според тебе хит песната која што на некој начин ја одбележа 2019-та година и видео спотот кој што тебе ти остави најголем впечаток?

Снеже Велков: “Proud” и “Нешто ќе те питам бабо” од Некст Тајм.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакала да ти се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на она што го работиш?

Снеже Велков: Посакувам успешна втора сезона на емисијата “Вип на еден ден”. Посакувам многу среќни лица и посакувам многу поголема грижа од страна на институциите за сите наши учесници. Приватно имам предизвик повредата на коленото која посакува да се санира и решни најбрзо што може за да си се вратам што поскоро на моите тренинзи во сала. Сакам семејството да ми биде во добро здравје, хармонично и радосно, пријателите среќни и успешни, а непријателите да имаат уште повеќе причини да завидуваат на моите успеси

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакала на твоите фанови, подржувачи, тв гледачи како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Снеже Велков: Се зависи од вас. И лани и догодина и за две години! Засукајте ракавите и трк кон остварување на соништата!

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: