Оперската пејачка Елена Голомеова е една од овогодинешните добитници на наградата „8-ми ноември“ од Општина Штип. Наградата „8-ми ноември“ се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Голомеова живее и работи во Франција од 2000 година. Средно музичко училиште завршила во Штип и Скопје, а во Ница дипломирала соло пеење. Магистрирала во Париз во класата на професорката Жаклин Бонардо.
Фото: М.Златевска
