Него го познаваме уште од мал. “Марионка” е една од песните со кои сите ние пораснавме, а и самиот тој. Животот не му беше воопшто лесен вели тој, но затоа пак, тој денес наместо да биде дел од некоја друга култура, живот, тој живее и работи во нашата мила Македонија. Тој е нашиот старо-нов евровизиски претставник… Васил Гарванлив. Што пак тој одговори на нашите новогодишни прашања, прочитајте во продолжение.
Музика24: Што е она по што ќе ја паметите 2020-та година, годината која што за само неколку часа ќе биде наше минато?
Васил Гарванлиев: Корона на роденден. Победа на светско, реномиран фестивал World Folk Vision. 3 нови песни (“You”, “Мојата улица” и “Приказна”).

Музика24: Дали има нешто што посебно Ви се случи во текот на оваа година и Ви остави посебен впечаток?
Васил Гарванлиев: Да. Се фокусирав и работев многу на самиот себе, и си направив една голема генералка во секој аспект на животот.
Музика24: Која е според Вас најслушаната песна за 2020-та година?
Васил Гарванлиев: Tones and I – “Dance Monkey”, Chins & Maynamic – “Guilty Pleasure”, Edita – “Slobodno me rani”.

Музика24: Што би си посакале себе си, на своите блиски и најсакани и секако на читателите на единствениот македонски музички портал Музика24?
Васил Гарванлиев: Здравје. Љубов. Гушкања… многу, мнооогу гушкања. Почит. Журки… И да “Патувам(е) каде јавето е сон”. Сакам во 2021 година да можам да направам промоција на мојот нов албум “Судбина” во сала полна со луѓе и да уживаме заедно.
Подготви: Редакција Музика24
