Најпосакуваната тинејџерска ѕвезда Џастин Бибер ќе се појави со своја улога во една од епизодите на култната и најгледана анимирана серија на сите времиња “Симпсонови”. Како што пишуваат светските медиуми, ексклузивниот продуцент на серијата Ал Џин, открива дека Џастин во епизодата во која што ќе се појави, ќе се обиде да се пријави на натпреварот за таленти во Спрингфилд, каде Барт ќе свири на клавир, а Бибер нема да биде добро прифатен и нема да помине на натпреварот.
Оваа серија наскоро ќе се емитува на “Фокс”, ширум цела Америка, а кога ние ќе имаме можност да ја видиме на некоја од нашите македонски тв канали, тоа сеуште никој не го знае.
Подготви: Марија Поповска
