Covers

24 Covers: Лукијан Ивановиќ – “Случајно” (Саша Ковачевиќ)

Од денес почнуваме со нашата нова рубрика 24 Covers, рубрика каде што вие ни испраќате ваши ковери или препеани песни во ваша изведба на некој од нашите македонски, балкански или светски музички имиња. Не можевме, а да не напишеме текст за дечкото кој е од Србија и кој што навистина секој негов ковер е посебна приказна сама за себе, дури понекогаш ќе си помислите дека станува збор за нова песна, а не песна која што веќе е отпеана од некого.

Денес како за почеток на 24 Covers ви го претставуваме Лукијан Ивановиќ кој ја препеа новата песна на познатиот Саша Ковачевиќ. Сигурни сме дека досега сте ја преслушале оваа летна песна барем три пати, но како тоа звучи препеана од Лукијан… погледнете во продолжение и уживајте!

https://www.youtube.com/watch?v=pMYJWE_PEEM

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: