Петар Малинов е вокал во групата “Krypton Unplugged” кој се приклучи во светскиот тренд на снимање на ковер верзии на светски хитови. Неговиот избор за снимање на ковер беше “I Believe” од R.Kelly. За аудиото и видео продукцијата се погрижи самиот Петар, а тој за Музика24 изјави:
“I Believe” е песна која што ја сакам од деството, но и затоа што по карактер сум емотивец, а оваа песна е токму таква. Се работи за доста стара песна, за која што искрено мислам дека и самиот Р.Кели ја има запоставено и заборавено”, изјави Петар за нашиот музички портал Музика24. Во продолжение ви предлагаме да го погледнете видеото и да го преслушате коверот и едноставно да уживате во комплетниот аудио/видео производ.
Подготви: Александра Блажевска
