Covers

24 Covers: Марко Логаут – “Осамен” (Трајче Манев)

Искрено, ни се допаѓа што се почесто и почесто добиваме Ваши мајлови, фејсбук пораки и се обидувате на секој можен начин да стапите во контакт со нас и да го презентираме она што сте всушност Вие, односно Вашиот музички талент или подобро речено, Вашиот ковер.

Во продожение на рубриката 24 Covers, Ви претставуваме уште едно професионално видео парче, уште еден ковер од веќе познатиот Марко Логаут. Неговиот менаџерски тим ексклузивно ни испрати видео каде што Марко, може слободно да кажеме, одлично да препејува легандарната макфестовска песна “Осамен” од Трајче Манев. Перфектните звуци на пијаното, виолината и виолончелото ги отсвереа Стефан Пехчевски, Илија Филиповски и Мери Георгиевска и секако оваа песна ја доведоа до перфекција. За видеото беше задолжен Гордан Божиновски кој го изработи видео спотот за коверот, зад камерата седеше Роберт Мишковски, додека аудио мастерингот го подготви Гени Каревски. Марко по повод снимањето на новиот ковер изјави:

“Пресреќен сум што направив кавер на една од моите омилени македонски композиции и се уште сум под импресии од тоа како звучи истата. Публиката која во еден здив ја пее песната на моите настапи ми даде инспирација и идеја да ја препеам на некој мој начин, па се надевам дека ќе и се допадне ова што го направивме со целата екипа со која работев”, изјави Марко за неговиот нов ковер и неговата инспирација за тоа.

Инаку, Марко на македонската музичка сцена е познат и по коверите за песните: “За нас”, “И тогаш некоја будала” и “Без тебе не можам”, песни кои само преку музичкиот интернет канал YouTube го направија познат и далеку од популарен. Во продолжение Ви предлагаме да го погледнете новиот ковер од Марко за песната “Осамен”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: