Културо

Комедијата „Луда куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Комедијата „Луда куќа“ на Драмската Секција „Слободно Театарче“ ќе биде прикажана на 25.02.2025 година (вторник) од 20 часот во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.

Комедијата „Луда куќа“ во фокусот ја става епската тема-мрзата, видена преку призмата на едно семејство кое се труди да ја искорени. Инспорацијата за комедијата на „Слободно Театарче“ е поттикната од македонското народно прозно творештво.

Од секцијата велат дека освен од мрзата, низ комични ситуации публиката ќе има можност од срце да се насмее низ други комични недостатоци на современото живеење, и се надеваат дека ќе успеат да ја збогатат перцепцијата за животот на театарската публика и дека истата ќе ја насмеат.

„Низ комични ситуации покрај мрзата публиката од срце ќе се насмее и на други недостатоци на современото живеење. Ние се надеваме дека ќе успееме да ја збогатиме перцпцијата за животот на публиката, а исто така сакаме и искрено да ја насмееме“-велат од драмската секција.

Текстот и режијата за комедијата на Драмсаката Секција „Слободно Театарче’’ насловена „Луда куќа“ се на Филип Стојаноски.Комедијата е под менторство на професорката по Македонски јазик и литература во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Биљана Тинтоска, а улогите во комедијата ги толкуваат Михаил Јорданоски, Марко Костадиноски, Марија Јовеска, Матеа Стојчевска, Тоше Тодороски, Христина Кулевска, Марија Стеваноска, Санџана Мефаилоска, Елена Илиоска, Теодора Димовска, Марија Поп-Антоска, Марија Котева, Михаил Тркалески кои всушност се’ ученици во училиштето и членови на драмската секција.

Инаку, во претставата улоги ќе толкуваат актерот Филип Стојаноски и Калина Гаралоска, ученичка во ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп. Техничката поддршка е под капа на Вилијам Спиркоски и Сара Павлоска.

Младите актери-аматери на публиката и порачуваат да се смее и ужива, бидејќи смеата и уживањето се здравје.

 

Христијан Ангелески известува од Прилеп за Музика 24

Можеби ќе ве интересира: