World Music

Џастин Бибер искрено за внатрешните битки: „Се мразам кога не сум автентичен“

Поп-ѕвездата Џастин Бибер повторно ги изненади обожавателите со искрени пораки на социјалните мрежи, отворајќи се за своите емоционални борби и стремежот кон личен раст.

„Имам проблеми со гневот, но сакам да се сменам и да не реагирам толку многу“, напиша пејачот (31), споделувајќи фотографии и видеа на кои свири со својот бенд. Една од објавените фотографии го прикажува со качулка над главата и спуштено лице, друга е негова постара снимка, а третата – мистериозна слика од редица товарни контејнери, заедно со мала фотографија што многумина веруваат дека е неговиот син Џек Блуз.

Бибер продолжи со уште една емоционална порака: „Мислам дека понекогаш се мразам себеси кога чувствувам дека почнувам да станувам неавтентичен. Тогаш се сеќавам дека сите сме натерани да мислиме дека не сме доволни, но сè уште мразам кога се менувам за да им угодам на луѓето“.

Овие зборови доаѓаат во време кога загриженоста за неговото ментално и физичко здравје се зголемува. Сепак, многумина го поздравија неговото искрено споделување и храброста да зборува за своите предизвици.

Претходно овој месец, Бибер на Инстаграм призна дека „секогаш се чувствувал недостоен“, и покрај љубовта и поддршката што ја добива од своите обожаватели. Во друга објава од минатата недела, пејачот напиша: „Денес немаме што да докажуваме, освен дарот на животот да го прифатиме и примиме. Ништо не ни должат и никому ништо не должиме“.

Со овие искрени исповеди, Бибер повторно потсетува дека, и покрај славата, човековата борба со себеси е универзална.

Можеби ќе ве интересира: