Културо

Во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворена изложбата „75 за 75“ (Фото)

Синоќа во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии „75 за 75“, со која се одбележуваат 75 години од постоењето на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Имено, изложбата е авторски проект на м-р Каролина Мицевска која рече дека на изложбата се поставени фотографии од театарски претстави кои оставиле траен белег во прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“.

Изложбата ја отвори професор д.р Ана Стојаноска која воедно е и уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“. Стојаноска на синоќешната изложба „75 за 75“ го потенцираше големото историско значење на самата театарска изложба.

Инаку, на отворањето на изложбата присутни беа Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, претседател на советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, пратеник во Македонското собрание, Марјан Ристески, заменик министер за економија, Марија Попова-Јованоска, директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп како и актери од прилепскиот народен театар и љубители на уметноста особено онаа виртуелната.

Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: